Фудбалерите на Фиорентина по подоброто изведување пенали славеа победа над Болоња се пласираа во полуфиналето на Купот на Италија.
Во првиот натпревар од четвртфиналната рунда одигран во Фиренца, домаќинот славеше со 5-4, откако по 120.минути игра немаше голови.
Гостите преку Џошуа Зиркзе во 31-та минута имаа голема шанса за водство, но неговиот удар заврши во гредата од домашниот гол. Иво продолжението на мечот по неколку шанси на двете страни, но без ефект. Така беши и во продолќинијата, па пеналите решаваа.
А, во пенал рулетот повеќе нерви, но и среќа имаа Фиорентина кои погодија 5, наспроти четирите реализации на Болоња.
Така Фиорентина трет пат во низа ќе игра во полуфиналето, а кој ќе биде нејзин противник ќе дознаеме утревечер по натпреварот меѓу Милан и Аталанта.
Вториот полуфинален пар ќе го сочинуваат победниците од натпреварите Лацио – Рома и Јувентус – Фосиноне.
КУП НА ИТАЛИЈА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
9 јануари
ФИОРЕНТИНА – БОЛОЊА 5-4 на пенали (0-0)
10 јануари
18.00 ЛАЦИО – РОМА
21.00 МИЛАН – АТАЛАНТА
11 јануари
21.00 ЈУВЕНТУС – ФРОСИНОНЕ