Додека ракометната јавност го очекува настапот на македонските ракометари на Европското првенство, стигна информацијата од таборот на Еурофарм Пелистер.
Имено, актуелниот македонски шампион до крајот на сезоната ја продолжува соработката со Бранислав Ангеловски, кому целосно му ја укажа довербата за тренер на тимот.
Тој досега ја имаше улогата на В.Д. тренер откако на клупата ги наследи Александар Јовиќ и Звонко Шундовски.
Ангеловски веќе утре ќе ја има првата прозивка на играчите кои му се на располагање, имајќи в предвид дека повеќемина ќе настапат на Европскиот шампионат.
Ангелковски и Е. Пелистер ги чека тепка битка во плејоф конкуренцијата со ривалите Алкалоид и Вардар, но и амбициозните Охрид и Тиквеш.
Токму лутиот ривал Вардар ќе биде и првиот противник на пелистерци на стартот на плејоф Супер лигата.