Актуелниот француски шампион Париз Сен Жермен освои уште еден трофеј.
„Светците“ се закитија со пехарот наменет за победникот во Супер купот.
Парижаните со 2-0 го совладаа освојувачот на националниот куп тимот на Тулуз.
Целата работа шампионот ја заврши во првото полувреме. Стрелци на головите за ПСЖ беа Кинг Ин Ли во третата и Килијан Мбапе во 44-тата минута.
ПСЖ кој и лани триумфира во ова натпреварување, стигна до дванаесетти трофеј во Супер купот на Франција.