Струмичка Брера на вториот ден во новата година со двојна промена во своите редови.
Имено екипата на Брера ја прекина соработката со Сисе и Малески.
Како што информираа од клубот, спогодбено е прекината соработката со Сенегалецот, Папа Оумар Сисе.
21 годишниот напаѓач кој во редовите на Брера Струмица дојде летово и не се прослави со своите настапи. Затоа од клубот решија да му се заблагодарат.
Истовремено, Христијан Малески кој беше на позајмица во клубот, се враќа во Струга Трим Љум.