Екипата на Астон Вила продолжува со одличните настапи во Премиер лигата. Попладнево во натпревар од 20.коло, Астон Вила го победи БАрнли со 3-2.
Домаќините на два пати имаа предност со головите на Бејли во 28-та и Диаби во 42-та минута. Барнли се враќаше во игра преку Амдуни (30) и Фостер (72.минута). Инаку гостите од 56-минута имаа играч помалку откако Берге заработи два жолти картони.
До победата Астон Вила стигна од белата точка. Во 87.минута беше досуден пенал кој го реализира Џејкоб Ремзи за конечни 3-2 за Астон Вила.
Со оваа победа Астон Вила изби на 2.место на табелата зад Ливерпул. Двата тима имаат по 42 бодови, но Ливерпул на 1 јануари против Њукасл ќе го одигра својот натпревар од 20-тата рунда.
Standings provided by Sofascore