Најдобрите македонски ракометари се во Стара Пазова каде го одработуваат првиот дел од подготовките за настап на Европскиот шампионат. 

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров утре ги очекува првата контрола. Сепак, напорните тренинзи бараат и мало релаксирање, а како изгледа тоа најдобро говори следното видео.

Целна на градењето на тимскиот дух, кој несомнено е на високо ниво не само меѓу 19-мината ракометари и стручниот штаб. 

Како и што сработеле во овој краток заеднички период македонските ракометари ќе видиме во утрешниот меч со Црногорците. 

Тоа ќе биде и добра можност за селекторот Лазаров и неговиот стручен штаб, да ја провери формата и да знаат во кој правец треба да се одвиваат вториот дел од подготовките. 

Тие пак ќе се реализираат веднаш по новогодишните празници, а дел од нив ќе биде и двомечот со селекцијата на Грција во Скопје. 

Првиот на 4 јануари ќе биде отворен за јавноста, а влезот ќе биде слободен. Натпреварот  Македонија – Грција ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“  со почеток во 17 часот.

Во договор на двете селекции вториот натпревар ќе биде од затворен карактер.

Потсетување дена на шампионатот македонските ракометари за противници ќе ги имаат Франција, домаќинот Германија и селекцијата на Швајцарија против кои ќе играат редоследно почнувајќи од 10 јануари.