Стружани конечно го добија во функција затворениот базен. Деценискиот сон на стружани стана реалност. Стружани повторно ќе може да пливаат, а тоа да не биде само во летниот период и во Охридското езеро.
По 25 години чекање, наскоро стружани ќе може да се израдуваат на новиот затворен базен. Тој е на истата локација каде што беше и стариот. Денеска официјално беше пуштен во употреба кој блесна во полн сјај.
Овој базен некогаш беше место од кое излегоа најдобрите пливачи, место каде се следеле возбудливи натпревари, место за дружба и спортски дух.
Руината во изминативе години ја оставаме зад нас и Струга повторно има затворен базен како што заслужува. Сигурни сме дека овој базен повторно ќе биде поттик за многу млади луѓе да почнат сериозно да се занимаваат со пливање или ватерполо.
Овој базен е на сите Стружани и веруваме и очекуваме сите да го почитуваат и да го чуваат.