Големото дерби во Премиер лигата ги оправда очекувањата. Возбудлив фудбал понудија фудбалерите на Ливерпул и Арсенал, а мечот заврши „мирољубиво“ со резултат 1:1.
Првиот дел беше фуриозен.
Арсенал го отвори резултатот со голот на Габриел уште во 4-та минута.
Во 29-та минута Мохамед Салах го изедначи резултатот со неговиот погодок.
Вториот дел не беше атрактивен како првиот дел. Но затоа пак беше исполнет со многу жолти картони на двете страни. До крајот гол не беше постигнат, мечот заврши со прифатливи 1:1.
Арсенал е сеуште на врвот во Премиер Лигата сега со 40 бода. Ливерпул им „дишат во врат” на „топчиите” на Артета со 39 бода по 18 кола, колу што има и Астон Вила на третата позиција.
Андреј Велјаноски