Се одиграа воведните две средби од 13.коло во првата кошаркарска лига на Македонија.

Дербито на југот се одигра во Гевгелија каде тимот на Еуро Никел како гостин славеше тешка победа против Кожув со 81:86.

Двата тима одиграа интересен меч во кој најпрво кавадарчани одлично го започнаа, но гевгеличани вратија со иста мерка во вториот дел.  Пред крајот имаше и драма, но гостите сепак успееја да слават победа за нивна петта по ред.

Артисон постигна 29 поени кај Кожув, а Глигоријевиќ даде 19 поени кај гостите.

Во Скопје, Феникс 2010 рутински стигна до победа против Вардар со 89:104 на гости. Феникс во текот на целиот меч имаа предност и на крајот заслужено освоија нови бодови. Вардарци беа рамноправни само во првото полувреме кое го загубија со 13 разлика. Потоа Феникс само ја одржуваше разликата до крајот на мечот.

Кај победниците Бојан Трајковски постигна 23 поени, а Метјуз стигна до 22 коша. Кај Вардар Митков беше најдобар со 18 поени.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 13.КОЛО
Сабота 23
КОЖУВ – ЕУРО НИКЕЛ 81-86
ВАРДАР – ФЕНИКС 89-104
Недела 24
18.00 АКАДЕМИЈА ФМП – ОХРИД
19.00 ЧАИР – ТФТ
Вторник 26
18.00 ГОСТИВАР – МЗТ СКОПЈЕ А.
Среда 27
18.00 РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 23, Еуро Никел 23, Пелистер 21, Феникс 21, Работнички 20, Чаир 20, ТФТ 19, Гостивар 16, Кожув 16, Вардар 16, Академија ФМП 14, Охрид 14;