Атлетико Мадрид „десеткуван” ја совлада Севиља во заостанат натпревар од 4-то коло на Ла Лига. Дуелот заври си минимален триумф на „јорганџиите“ со 1:0.
Четата на Симеоне покажа дека е позрел противник. Во првиот дел беа подобрата екипа и само чекаа да дојде нивниот момент. Првиот дел заврши 0:0.
Затоа пак на самиот почеток на вториот дел Атлетико ја затресе мрежата на Севиља. Во 47-та минута Маркос Љоренте беше стрелец на единствениот гол на натпреварот.
Чаглар Сојунчу во 70-та минута доби црвен картон, но и тоа не беше од помош на Севиља да направи нешто позначајно.
Со надополнетиот натпревар Атлетико во првиот дел на Ла Лига во оваа сезона завршува на 3-та позиција со 38 бода. Севиља пак е при самото дно со 16 бода по 18 одиграни натпревари.
Андреј Велјаноски