Годината е при самиот крај, а и натпреварите од првиот дел од сезоната во машката Прва лига. Последното коло за оваа календарска година ќе се игра од сабота па се до среда.

Ова пред се поради настапите на нашите претставници во АБА2 лигата.

Програмата ќе започне денеска со двата натпревари од 17 часот во Скопје и Гевгелија. И за утре закажани се два дуели (во Скопје) меѓу кои еден од двата дерби натпревари во ова колото.

Второто ќе се игра дури во среда, по што ќе следува едномесечна пауза.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 13.КОЛО
Сабота 23
17.00 ВАРДАР – ФЕНИКС
17.00 КОЖУВ – ЕУРО НИКЕЛ
Недела 24
18.00 АКАДЕМИЈА ФМП – ОХРИД
19.00 ЧАИР – ТФТ
Вторник 26
18.00 ГОСТИВАР – МЗТ СКОПЈЕ А.
Среда 27
18.00 РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 23, Пелистер 21, Еуро Никел 21, Работнички 20, Чаир 20, ТФТ 19, Феникс 18, Гостивар 16, Кожув 15, Вардар 15, Академија ФМП 14, Охрид 14;