Кошаркарите на Црвена Звезда беа подобри од Макаби во воведниот натпревар од 16.коло на Евролигата.
Во мечот одигран во Белград, а која Црвена Звезда ја имаше улогата на гостин, белграѓани го совлада Макаби со 98-92.
По израмнетата прва четвртина (20-20), во втората Црвена Звезда одигра подобро, го доби периодот и на на одмор замина со предност од 9 поени (51-42).
Во третата четвртина црвено-белите имаа и 19 поени разлика, па уште тогаш стана јасно дека Макаби ќе претрпе пораз. Иако во самиот финиш Макаби се доближи на -6, сепак немаше време за комплетен пресврт.
Најзаслужен за оваа победа (само шеста) на Црвена Звезда, беше Милош Теодосиќ кој оствари дабл-дабл со 27 поени и 14 асистенции.
Покрај овој натпревар вечерва се играат и дуелите Валенсија – Виртус и Реал Мадрид – Партизан.