Екипата на Ливерпул е последниот полуфиналист на Карабао купот (Лига куп) откако вечерва на „Енфилд“ го декласираше Вест Хем со 5:1 (1:0).
Избраниците Јирген Клоп на овој начин покажаа дека брзо го заборавиле неделното реми од Премиер лигата со Манчестер Јунајтед.
„Црвените“ поведоа во 28.минута со голот на Доминик Собослаи. Во 56.минута Куртис Џонс зголеми на 2:0 со ефектен гол „низ нозете“ на Арелоа. На 3:0 зголеми Коди Гакпо во 71.минута.
Вест Хем намали на 3:1 преку Џерод Бовен во 77.минута. Мрежата на Вест Хем во 82.минута ја затресе и Мохамед Салах, кој натпреварот го почна од клупата, а две минути подоцна Џонс со својот втор гол ги постави конечните 5:1.
Покрај Ливерпул пласман во полуфиналето во вторникот обезбедија уште: Челзи, Фулам и Мидлсброу. Полуфиналните натпревари ќе се играат во јануари 2024 година, а финалето е закажано на 25.февруари на „Вембли“ во Лондон.
Ливерпул е најуспешниот клуб во ова натпреварување со 9 пехари.