Екипата на Рајо Ваљекано за која настапува македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски е поразена од Валенсија., 

Во натпреварот од 18.коло на шпанската Ла Лига, Рајо загуби пред своите симпатизери од Валенсија со 1-0. 

Единствениот гол на мечот го постигна Серги Канос во 61-та минута.

Овој волеј удар на фудбалерот на Валенсија едноставно Димитриевски не можеше да го одбрани, па дури и да се клонираше во двајца голмани. 

Со оваа победа Валснија го мина Рајо на табелата. Сега тимот на Валенсија е на 10место со 23 бодови, а Рајо 11-ти со 10.