Екипата на Атлетико Мадрид освои само бод во дуелот со локалниот мал ривал Гетафе во меч со шест гола.
Натпреварот на од 18.коло одигран на „Метрополитано“ заврши без победник 3-3.
Домаќините од 38.миута играа со играч помалку, откако Србинот, Савиќ заработи два жолти картони. Сепак Гризман во 44.му донесе предност на Атлетико.
Во вториот дел постигнати пет гола.
Мајорал во 53-тата израмни на 1-1. Следуваа два за Атлетико преку Мората (63) и Гризнам од пенал (69) за водство на Атлетико од 3-1.
Но, голеадата тука не застана. Гетафе не се откажа, па преку Родригез (86) и Мајорал од пенал (90+3) стигна до израмнување. Гетафе можеше дури и до победа, но голманот Облак „спаси“ бод за Атлетико.
Со тоа прекината е низата од 21 победа на Атлетико пред своите симпатизери во Ла Лига.
Атлетико сега е трет со 34 бодови колку што има и Барселона на четвртата позиција. Гетафе е осми со 26 бодови.