Реал Мадрид одигра доминантно против Виљареал и прокнижи нови бодови со кои се врати на врвот на табелата.
Во натпреварот од 17.,коло на шпанската Ла Лига, популарните „Кралеви“ славеа со убедливи 4-1 против „жолтата подморница“ Виљареал.
Резултатот го отвори Џуд Белингам (25) со гол по фантастична асистенција на Модриќ. Родриго набрзо (37) зголеми на 2:0.
На почетокот на вториот дел (54) Хозе Луиз Моралес намали на 2:1, но тоа беше се што сторија гостите.
Брахим Дијаз во 64.минута, по соло акција го зголеми резултатот на 3:1. Конечните 4:1 за „кралевите” ги постави Лука Модриќ четири минути подоцна.
Реал ќе „преноќи“ како лидер во Ла Лига со 42 бода, со еден повеќе од Џирона која утре игра против Алавез.
Виљареал сеуште останува во безбедната зона со 13 бода на 14-та позиција.
Андреј Велјаноски