Кошаркарите на Еуро Никел ја остварија деветтата победа во прволигашката конкуренција се се вратија на второто место на табелата.
Кавадарчани вечерва поред својата публика во салата „Јасмин“ ја совладаа Академија ФМП со 94-77.
Гостите од Скопје за кои ова беше десеттиот пораз, парираа само во првото полувреме. По 20.минути играа домаќините имаа само четири поени предност (56-52).
И останатите две четвртини им припаднаа на домашните кошаркари. Кавадарчани постепено ја зголемуваа предноста за на крајот да слават со 17 разлика.
Најефикасен на натпреварот и во победничката екипа беше Меквин со 23 поени, додека Глигоријевиќ заврши со дабл-дабл ефект со 18 поени и 11 скока.
Од оваа рунда останува уште натпреварот Феникс – Чаир кој игра во „Јане Сандански“ вечерва.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 12.КОЛО
денеска
ЕУРО НИКЕЛ – АКАДЕМИЈА ФМП 94-77
20.00 ФЕНИКС – ЧАИР во тек
Претходно одиграно
МЗТ СКОПЈЕ А.– КОЖУВ 79-65
ПЕЛИСТЕР – ГОСТИВАР 89-88
ТФТ – РАБОТНИЧКИ 57-72
ОХРИД – ВАРДАР 89-81
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 23, Еуро Никел 21, Пелистер 21, Работнички 20, ТФТ 19, Чаир 18, Феникс 17, Гостивар 16, Кожув 15, Вардар 15, Академија ФМП 14, Охрид 14,