Ракометарките на Франција го освоија шампионскиот трофеј на 36-то Светско првенство. 

Во финалето во Хернинг, Французинките го совладаа бранителот на трофејот од пред две години Норвешка со 31-28. 

„Триколорките“ одиграа одлично прво полувреме во кои има и негатива од во првите десетина минути. Сепак до крајот на првите 30.минути направија пресврт и поведат со 20-17.

Во второто полувреме Норвежанките постојано ја бркаа негативата, а се што сторија е да стигнат до -1 (25-26). Но, Французинките знаеја што сакаат. Не му дозволија на противникот докрај да ја анулира нивната предност па на крајот заслужено се радуваа. 

На патот до златото Французинките ги победија сите свои противници, а одиграа девет натпревари.

Трета пат во историјата Франција ја освојува шампионската титула, а воедно ја обедини со олимписката. 

Овие две селекции заедно со Данска која во дуелот за 3.место ја победи Шведска, обезбедија пласман и на Олимпијадата во Париз следното лето.