Светското клупско фудбалско првенство на ФИФА започна, а сите натпревари се играат во Саудиска Арабија, поточно во градот Џеда.
На турнирот учествуваат седум екипи, шампионите на Европа, Манчестер Сити и на Јужна Америка, Флуминенсе се директно во полуфиналето.
Домаќинот на турнирот Ал-Итихад, предводен од француската ѕвезда Карим Бензема е последниот патник во четвртфиналната рунда.
Саудијците, кои годинава вложија огромни пари во засилувања, лесно се справија со претставникот на Океанија, Окленд Сити од ѐнов Зеланд кого го совладаа со 3:0. Стрелци на головите беа, Бразилецот, Ромарињо (29) и Французите Канте (34) и Карим Бензема (40).
Ал-Итихад за три дена го очекува четвртфинален натпревар против африканскиот шампион Ал Ахли. Победникот од тој меч во полуфиналето оди на мегдан на јужноамериканскиот првак Флуминенсе.
Во втората четвртфинална двојка се среќаваат мексиканскиот клуб Леон и јапонската Урава Ред Дајмондс, а Манчестер Сити во полуфиналето го чека подобриот од тој меч.