Иако пред само три дена заврши есенскиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига, катастрофалната арбитража е причината поради клубовите се се погласни.
Последен во низата е тетовскиот клуб Шкендија, која преку официјално соопштение побара итно воведување на ВАР системот во домашниот шампионат.
„Шкендија ја изразува својата загриженост за големите пропусти во судиската област во локалниот фудбал и итно бара имплементација на ВАР системот. Овој чекор ќе обезбеди потранспарентно опкружување и ќе помогне да се спречат произволни грешки, со што ќе се зголеми веродостојноста и стандардот на играта. Веруваме дека оваа акција ќе помогне да се подигне имиџот на фудбалот и ги замолуваме сите клубови да ни се придружат во оваа иницијатива за чиста и фер игра“.
Од фудбалската федерација потврдија дека се бара итно решение на воведување на ВАР системот, а кога ќе почне тој да се имплементира останува да се види.
Кардиналните грешки на арбитрите ги потврди и Судиската организација, во своите тековни анализи.
Во продолжение само дел од големите грешки на судиите во текот на есенскиот дел од сезоната.