Управата на ФК АП Брера Струмица за шеф на стручниот штаб го именуваше Бојан Круљ од Србија. Тој доаѓа на местото на италијанскиот стратег Валенти.
Круљ има 36 години и е млад и перспективен тренер. Има искуство во работата со млади категории во белградски Вождовац и Синџелич. Како асистент тренер во сениорски тимови има работени во српските прволигаши Инџија и Вождовац.
,,Моите први впечатоци се одлични. Она што беше привлечно за мене беше мултинационалниот проект „Брера“ што Горан ми го презентираше и тоа ме привлече да дојдам во мак фудбалот и да оствариме добри резултати.
Во разговор со претседателот на клубот Горан Пандев, целта ни е да се обезбеди подобар пласман на табелата.
Екипата има потенцијал но она што е важно дека мора да играме натпреварувачки и да остваруваме и добри резултати. Имаме план за нови засилувања кои се потребни за следната сезона“, iизјави Бојан Круљ.
Претседателот на клубот Горан Пандев му посака добредојде на новиот стратег и му го покажа спортскиот центар „Пандев“ каде Брера ги игра натпреварите од Првата лига. Го прошета по клупските простории и ја презентираше неговата визија за овој спортски центар.
,,Му посакав добредојде на новиот тренер кој екипата ќе ја предводи за вториот дел од сезоната.
Се надевам дека ќе го поправиме впечатокот за разлика од оваа есенска етапа и ќе бидеме подобро позиционирани на прволигашката табела.
Бојан е млад и перспективен, жеден за нови докажувања и верувам е дека ќе успееме во зацртаното за вториот дел од годинашнава сезона“, изјави Горан Пандев.
Прв соработник на Круљ ќе биде Душан Дошљак тренер кој соработуваше со негов во претходната два ангажамани во ИМТ и Рудар.
По Новогодишните празници, Круљ ќе га има првата прозивка. Со тоа ќе почнат подготовките за вториот дел од сезоната кио ќе се реализираат во Струмица и Анталија Турција