Екипата на Тотенхем на најдобар можен начин ја прекина низата од пет натпревари без победа.
На дерби дуело од 16.коло во Премиер лигата, одигран во Лондон, Тотенхем славеше со 4-1 против Њукасл.
Брилијантен натпревар одиграа Ричарлисон и Сон. Бразилецот беше стрелец на два гола, а Кореецот, покрај двете асистенции постигна и гол. Во листата на стрелци се впиша и Удоги кој впрочем ја отвори голеадата.
Џоелинтон во судиското дополнение само го ублажи поразот.
Со трите освоени бодови и вкупно 30, Тотенхем е на петтото место на табелата со три повеќе од Манчестер Јунајтед.
Пред Тотенхем се: Ливерпул (37), Арсенал (36) и Астон Вила (35), Манчестер Сити (33).