Дерби во Тетово каде гостува Силекс
Со петте денешни натпревари од 18.коло ќе биде заокружен есенскиот дел во Првата македонска фудбалска лига.
За крајот на полусезоната нé очекува и дерби дуел и тоа во Тетово. Таму ќе се сретнат трето и четврто рангираните екипи на табелата Шкендија и Силекс.
Лидерот на табелата и актуелен првак Струга Трим Лум пред своите симпатизери ја пречекува штипска Брегалница.
Во Струмица кај Брера со нов тренер, ќе гостува второ рангираниот Шкупи.
Интересно се очекува да биде во Скопје и Охрид, каде двете последно пласирани екипи на табелата Вардар и Воска ќе ги пречекаат Тиквеш и Работнички.
Потсетување дека вчера во првиот натпревар Гостивар на контроверзен начин ја победи Македонија Ѓорче Петров со гол од пенал.
ПРВА ЛИГА – 18.КОЛО
недела
БРЕРА СТРУМИЦА – ШКУПИ
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС
СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА
ВАРДАР – ТИКВЕШ
ВОСКА СПОРТ – РАБОТНИЧКИ
одиграно вчера
ГОСТИВАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0