За осминафиналната фаза во ракометниот Куп на Македонија во машка конкуренција остануваат уште три слободи места.
На последниот дел од првата елиминациска рунда ќе бидат одиграни три натпревар. Програмата ќе ја отворат Кичево и Вардар Неготино со мечот од 13 часот.
Час подоцна (14) својот дуел ќе го одиграат Младост и фаворитот Охрид.
По натпреварот кој ќе почне од 16 часот, а во кој Металург РА ќе се сретне со Скопје 2020, ќе го дознаеме и последниот учесник во осминафиналната рунда.
Во неа, директен пласман обезбеди бранителот на трофејот Вардар кој беше слободен во првата елиминациска фаза.
Во 16-те најдобри покрај двата тима на Еурофарм Пелистер, се пласираа и: Алкалоид, Тиквеш, Струга, Голден Арт, Бутел, Тиквеш, Радовиш Мулти Есенс, Пролет, Прилеп и Куманово.
Трите денешни натпревари може да ги гледате ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)
недела
13:00 КИЧЕВО – ВАРДАР НЕГОТИНО
14:00 МЛАДОСТ – ОХРИД
16:00 МЕТАЛУРГ РА – СКОПЈЕ 2020