Со победи на ТФТ и Еуро Никел во денешните дуели со Феникс и Вардар комплетирано е 11.коло на Првата лига. 

Екипата на ТФТ славеше победа над Феникс со 79-75 во последниот натпревар од оваа рунда.

Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ подобро го отворија гостите кои поведоа со шест разлика. Домашниот состав брзо ја анулира негативата, а на првата пауза замина со поен предност 21-20. Ниту еден од тимовите и во втората четвртина не направи поголема предност, па на полувреме се замина со резултат 34-39 за ТФТ.

На почетокот на второто полувреме гостите од Тафталиџе имаа и највисоки 8 поени предност (36-44). Домашниот состав успеа да го анулира тоа и во последната четвртина се влезе со израмнети 61-61. Со две тројки Феникс поведе со +6, но ТФТ брзо го анулира тоа. Неизвесноста остана до самиот крај која. Метјус при водство на Феникс од 75-74 промаши две слободни фрлања, а Верц со тројка му донесе водство на ТФТ (75-77). Во следниот напад, одново домаќините ја загубија топката, а со двете слободни фрлања Верц стави крај на мечот. 

Бадијала беа они 24 поени на Метфис кога не реализира кога беше најпотребно. Во победничката екипа Луси постигна 17, а Верц заврши со 16 поени.

Во првиот денешен натпревар во Кавадарци, Еуро Никел го декласира Вардар со 50 поени разлика и се врати на 2.место на табелата.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 11.КОЛО
Недела
ЕУРО НИКЕЛ – ВАРДАР 116-66
ФЕНИКС – ТФТ
Одиграно вчера (сабота)
ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ 65-86
ОХРИД – ЧАИР 64-76
ПЕЛИСТЕР – КОЖУФ 72-61
Одиграно во четвртокот
МЗТ СКОПЈЕ А. – АКАДЕМИЈА ФМП 79-74

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 21 бодови, Еуро Никел 19, Пелистер 18, Работнички 18, Чаир 18, ТФТ 16, Феникс 16, Гостивар 15, Кожув 14, Вардар 14, Охрид 12, Академија ФМП 11,