Со двата денешни натпревари ќе биде комплетирана првата половина од натпреварувањето во машката кошаркарска Прва лига. 

Кавадаречки  Еуро Никел кој гравитира во горниот дел од табелата ќе ја има улогата на фаворит во дуелот со Вардар. Кавадарчани со победа ќе се вратат на третата позиција на табелата со ист „скор“ како и битолски Пелистер. 

Вардарци кои пак се повратници во елитата, по двете стартни победи на почетокот на шампионатот, а потоа и над ФМП, се во долниот дел од табелата. Избраниците на Јованчев се немаат израдувани на четирите последни натпревари. Затоа пак Еуро Никел ќе сака да ја продолжи победничката низа, особено што на последните два натпревари славеше против тешки противници (ТФТ и Чаир). 

Кавадарчани затоа и ќе ја имаат улогата на фаворит, која треба да ја потврдат во мечот што ќе се игра во салата „Јасмин“ од 18 часот.

Два часа подоцна (од 20 часот), во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, ќе играат екипите на Феникс и на ТФТ. Ова е дуел на шесто и седмо пласираните екипи на табелата, кои се веднаш зад кавадарчани. Воедно ова е меч на двата тима кои имаат најмногу регистрирани странски кошаркари (по пет). 

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 11.КОЛО
Недела
18.00 ЕУРО НИКЕЛ – ВАРДАР
20.00 ФЕНИКС – ТФТ
Одиграно вчера (сабота)
ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ 65-86
ОХРИД – ЧАИР 64-76
ПЕЛИСТЕР – КОЖУФ 72-61
Одиграно во четвртокот
МЗТ СКОПЈЕ А. – АКАДЕМИЈА ФМП 79-74

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 21 бодови, Пелистер 18, Работнички 18, Чаир 18, Еуро Никел 17, ТФТ 16, Феникс 16, Гостивар 15, Кожув 14, Вардар 13, Охрид 12, Академија ФМП 11,