Со триумфот на гости против Кристал Палас од 2:1 екипата на Ливерпул изби на првото место на табелата во Премиер лигата барем до завршувањето на дербито меѓу Астон Вила и Арсенал. „Црвените“ третпат сезонава успеваат да стигнат до пресврт победа од 0:1 до победа од 2:1.

Натпреварот имаше чуден тек. Првата шанса ја имаа домашните во 28.минута преку Лерма, но Алисон со помош на стативата ја зачува својата мрежа. Во следната минута беше досуден пенал за Кристал Палас, но по прегледувањето на ситуацијата во ВАР собата, судијата Медли го поништи пеналот откако претходно имаше фаул над играчот на Ливерпул Ендо.

Во вториот дел повторно ВАР собата е на сцена.

По фаул од Кванса, над Матета и по две поминати минути се јавија од ВАР собата. Медли прегледуваше и досуди пенал за Кристал Палас, што Матета го реализираше за водство на домашниот тим во 57.минута.

И тогаш почна Ливерпул да игра. Поради втор жолт картон во тимот на домашните во 75.минута беше исклучен Ајув, а веќе во следната минута Мохамед Салах изедначи на 1:1. Во првата минута од продолжувањето на асистенција на Салах, Харви Елиот со прецизен удар надвор од 16-тникот ја затресе мрежата на противничкиот голман за водство на „црвените“ од 2:1.

Возбудувања имаше и до крајот и во 10.та минута од судиското надополнување голманот на Ливерпул Алисон успеа да избие во корнер по шутот на Андерсен.

Со триумфот на гости против Кристал Палас од 2:1 екипата на Ливерпул изби на првото место на табелата во Премиер лигата барем до завршувањето на дербито меѓу Астон Вила и Арсенал. „Црвените“ третпат сезонава успеваат да стигнат до пресврт од 0:1 до победа од 2:1.

Натпреварот имаше чуден тек. Првата шанса ја имаа домашните во 28. минута преку Лерма, но Алисон со помош на стативата ја зачува својата мрежа. Во следната минута беше досуден пенал за Кристал Палас, но по прегледувањето на ситуацијата во ВАР собата, судијата Медли го поништи пеналот откако претходно имаше фаул над играчот на Ливерпул Ендо.

Во вториот дел повторно ВАР собата е на сцена. По фаул од Кванса, над Матета и по две поминати минути се јавија од ВАР собата, па Медли прегледуваше и досуди пенал за Кристал Палас, што Матета го реализираше за водство на домашниот тим во 57. минута.

И тогаш почна Ливерпул да игра. Поради втор жолт картон во тимот на домашните во 75. минута беше исклучен Ајув, а веќе во следната минута Мохамед Салах изедначи на 1:1.

Во првата минута од продолжувањето на асистенција на Салах, Харви Елиот со прецизен удар надвор од 16-тникот ја затресе мрежата на противничкиот голман за водство на „црвените“ од 2:1.

Возбудувања имаше и до крајот и во 10. та минута од судиското надополнување голманот на Ливерпул Алисон успеа да избие во корнер по шутот на Андерсен.