Манчестер Јунајтед на својот „Олд Трафорд“ убедливо загуби со 0:3 од Борнмут.
Уште на самиот старт на натпреварот Доминик Соланке му донесе водство на гостинот од 1:0 во 5-тата минута.
Лошата игра на Јунајтед можеше да ги чини „црвените ѓаволи“ повеќе од еден гол, но на полувремето резултатот беше 1:0.
Во 68-та минута нововлезениот Филип Билинг зголеми на 2:0.
„Потопот“ на Јунајтед дојде само 5 минути подоцна (73-тата минута), кога Маркос Сенеси го постигна третиот гол за Борнмут на натпреварот и му нанесе катастрофален пораз на Ерик тен Хаг од 3:0.