Голема победа остварија фудбалерите на Ливерпул откако попладнево го совладаа Фулам со 4:3 на домашен терен, иако до 87.минута губеа со 3:2. Во финишот за две минути најпрво Ендо изедначи на 3:3 во 87.минута, а во следната Трент Александер Арнолд ги постави конечните 4:3.

Ливерпул поведе во 20.минута по слободниот удар на Александер Арнолд топката удри во грбот на голанот Бернд Лено и заврши во мрежата. На 1:1 изедначи екс играчот на Ливерпул Хари Вилсон во 24.минута. Со прекрасен гол Алексис Мек Алистер донесе ново водство (2:1) за „црвените“ во 38.минута. На полувреме беше 2:2 откако Тете погоди во 45+3 минута.

На чекор до победа Фулам беше по голот на Боби Де Кордова – Рид во 80.минута. Но, Ливерпул сепак стигна до победата и се проби на второто место на табелата со 31 бод, зад Арсенал со 33.

На другите дуели од 14.коло кои се играа во истиот термин Челзи го совлада Брајтон со 3:2, додека Бурнемут и Астон Вила одиграа нерешено 2:2, а без победник заврши и дуелот Вест Хем и Кристал Палас 1:1.

Од 17:30 часот се игра дербито на колото Тотенхем – Манчестер Сити.