Во Втората македонска фудбалска лига денес со почеток од 13 часот ќе се одиграат сите осум натпревари од 14-тото коло.
Во Прилеп ќе се одигра Пелагониското дерби. Порано важеше за празник на фудбалот, а денес Победа и Плеистер ќе се сретнат во Втора лига. Прилепчани беа декласирани во минатото коло и ќе сакаат што побрзо да го заборават тој срамен пораз, а најдобра шанса да се заборави тој пораз ќе биде победа против соседите во денешниот дуел.
Пелистер заостанува 2 бода од втората позиција и 7 од првата, па на секој натпревар мора единствена цел да им е само победа. Денеска се очекува на трибините во Прилеп да бидат присутни двете навивачки групи и да покажат дека ова спортско ривалство ќе трае и во иднина.
Лидерот на табелата, екипата на Беса ја очекува гостување во Куманово. Башкими има 3 порази во низа, па пред своите гледачи ќе се обиде да ја прекине таа црна серија и да успее да ја изненади екипата на Беса.
Детонит Плачковица на домашен терен ќе брка нова победа во борбата за влез во Прва лига, а нивен ривал ќе биде екипата на Кожуф. Гевгеличани после воведните 5 победи, на 6-тата чекаја се до минатото коло, па можеби тоа ќе биде нивни нов старт на победи.
Во Охрид ќе се сретнат екипите на Охрид и Тетекс. Двете екипи се во лоша форма и немаат победа на последните 3 натпревари, па денес гледаат шанса за нивна победа.
Уште еден натпревар на поранешни прволигаши не очекува во Струмица, каде што ќе се сретнат екипите на Беласица и Скопје.
ВТОРА ЛИГА – 14.коло
сабота (13 часот)
ПОБЕДА – ПЕЛИСТЕР
БЕЛАСИЦА – СКОПЈЕ
БАШКИМИ – БЕСА
ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА
КАМЕНИЦА САСА – КАРАОРМАН
НОВАЦИ – ВАРДАР НЕГОТИНО
ОХРИД – ТЕТЕКС
ОСОГОВО – АРСИМИ