Анализата направена на судиската комисија при ФФМ, е контра тврдењата на Вардар, дека клубот бил оштетен за не досуден пенал.
Но, така не сметаат во судиската анализа на арбитражата за 16-тото коло.
Во анализата се вели:
На натпреварот Фк.Вардар-Фк.Струга Трим Лум одигран на 29.11.2023 година, анализирани се ситуациите од 7,32 и 44 минута.
“Главенсудија: Крумислав Ѓорѓиев. Помошни судии: Дарко Јовчевски и Александар Ѓорѓески.
7 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за гостинската екипа, при резултат 0:0)
Центрирана топка во 16-сетникот на домашната екипа, играч на гостите со глава ја удри топката и играч на домашната екипа со закаснет старт направи недозволен старт со телото над играчот на гостите (во телото).
Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за гостинската екипа поради недозволен старт, закаснет старт на домашен играч со телото над противнички играч (во телото).
32 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:2)
Центрирана топка во 16-сетникот на гостинската екипа, играч на гостите со глава ја одби топката која потоа удри во раката (високо подигната од телото и неприродна положба) на свој соиграч.
Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за домашната екипа поради недозволена игра со рака (високо подигната од телото и неприродна положба) на гостински играч во свој 16-сетник.
44 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 1:2)
Центрирана топка во 16-сетник на гостинската екипа, двајца противнички играчи беа еден до друг со телата (кратка дистанца), топка помина преку играчот на домаќините и удри во раката (природна положба за тој скок) на гостинскиот играч, која беше до самото тело на противничкиот играч.
Исправна проценка на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки растојанието помеѓу играчите беше премногу кратко и раката на играчот за тој скок се наоѓаше во природна позиција (до самото тело на противнички играч).
Одлична поставеност на главниот судија со јасна прегледност на ситуацијата и донесе исправна одлука.