Без туниските интернационалци македонскиот шампион Струмица ќе го игра реванш натпреварот против германскиот Дурен на гостински терен.
Како што информираат од таборот на македонскиот шампион, Хамди Бен Талиб и Саад Ом Хени не добиле виза за патување во Германија.
Така струмичани на утрешниот реванш дуел од 1/16-финалето во ЦЕВ Купот ќе биде дополнително ослабена.
Со тоа шансите за било какво изненадување во дуелот со одличниот германски тим се сведени на теорија.
Потсетување дека на првиот меч одигран во Струмица екипата на Дурен славеше убедлива победа во три сета (0-3).
Реванш натпреварот на програмата е утревечер со почеток од 19 часот.