Каи Хаверц беше творец на денешната победа на Арсенал на гостувањето кај Брентфорд со 1-0.

Германецот иако не се снаоѓа најдобро во Арсенал, сепак беше јунакот на „Топџиите“ кои со оваа победа избија на прва позиција на табелата.

Првото полувреме помина мирно и без голови. Второто полувреме одеше во истиот правец се до самиот финиш. Се играше 88-та минута, кога по асистенцијата на Сака, Хаверц ја затресе мрежата на Бренрфорд и донесе радост за Артета и неговите избраници.

Арсенал по 13 натпревари е нов лидер во Премиер Лигата со 30 бода. Зад него со бод, односно два помалку се Манчестер Сити и Ливерпул кои денеска одиграа 1-1

Андреј Велјаноски