Во машката прва одбојкарска лига на Македонија продолжуваат натпреварите од 7.коло.
Сушево и Весна Пробиштип веќе го одиграа својот натпревар и го отворија ова коло во најсилната машка лига.
Сосема и очекувано тимот на Весна Пробиштип стигна до победата од 3-0 (16:25, 25:27, 17:25) и на тој начин ја забележаа четвртатта победа во сезоната.
Така си ги зголемија шансите за пласман во Втората фаза-1, односно во шампионскиот сегмент по есенскиот дел од сезоната.
Најинтересниот натпревар е закажан за в понеделник, а во него Универзитет во Тетово ќе се обиде да го изедначи ефектот со Штип УГД во односот на победи.
ПРВА ЛИГА МАЖИ – 7.КОЛО (сабота 25.11.2023)
сабота
12.00 Јанта волеј – ГОК Борец
16.00 Шкендија – Македонија Џио
18.00 Лирија – Вардар
18.00 Струмица – Работнички
понеделник
19.00 Универзитет во Тетово – Штип УГД
одиграно
Сушево – Весна Пробиштип 0:3 (16:25, 25:27, 17:25)
ТАБЕЛА: Струмица 6-0, Штип УГД 5-1, Лирија 5-1, Универзитет во Тетово 4-2, Работнички 4-2, Весна Пробиштип 4-3, Шкендија 3-3, Јанта волеј 2-4, ГОК Борец 2-4, Сушево 1-6, Вардар 1-5, Македонија Џио 0-6.