Македонската гордост Столе Димитриевски во херојски натпревар и одзема бодови и на големата Барселона.
Во натпреварот во кој Рајо водеше се до самиот крај, Барселона се извади во последните моменти.
Со голот на Унаи Лопез во првото полувреме Рајо стигна до заслужено видство.
Столе неверојатно го бранеше голот повторно низ целиот натпревар. Барса напаѓаше, но Рајо вешто се одбрануваше.
Сепак по автоголот на Лежеуне, Столе неуспеа да сочува чиста мрежа.
По Реал, сега Рајо му одкина бодови и на шампионот.
Барселона е на 3та позиција во Премиера со 31 бод по 14 одиграни кола. Рајо и Столе се на 8та позиција до 19 освоени бодови.
Андреј Вељаноски