Откако вчера Работнички 2 и Шкупи го отворија 8.коло во Втората кошаркарска лига, денеска ќе се играат три натпревари.

Првиот денешен натпревар би требало да донесе интересен дуел. Во него се среќаваат двете млади екипи Водно Санс и МЗТ Скопје У.Б. Аеродромци во овој меч влегуваат со една победа повеќе од противникот и се во групата на четирите екипи распределени од 4-тото  до 7-мото место.

Во Велес ќе го има префиксот дерби. Дуелот меѓу Борец Баскет и штипски Соколи треба да понуди најнеизвесна кошарка, имајќи ја во предвид моменталната состојба на табелата на која двете екипи се со ист „скор“.

Локалниот градско кумановско „дерби“ ни од далеку нема да биде тоа. Домаќинот МКК Куманово кој досега има максимални седум победи, наспроти Куманово 2009 кој сознава не знае за победа. Се освен убедлив триумф на домаќините ќе биде вистинска сензација.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) –  8.КОЛО
Сабота
16.00 ВОДНО САНС – МЗТ СКОПЈЕ У.Б.
18.00 МКК КУМАНОВО – КУМАНОВО 2009
20.00 БОРЕЦ БАСКЕТ – СОКОЛИ
Недела
18.00 ТЕТЕКС – МАЏАРИ
18.00 АНГЕЛИ – МЕГА БАСКЕТ
одиграно во петокот
РАБОТНИЧКИ 2 – ШКУПИ 64-84

ТАБЕЛА: МКК Куманово 14бодови, 13, Шкупи 14, Маџари Соколи 11, Ангели 11, Борец баскет 11, МЗТ Скопје У.Б. 11, Водно Санс 10, Работнички-2 10, Мега Баскет 9, Тетекс 8, Куманово 2009 7