Одбоjкарките на Јанта Волеј уште еднаш ја добија драмата во дерби дуелот од 9.коло во првата женска одбојкарска лига на Македонија против Работнички Скопје.
Тимот на Јанта Волеј славеше победа од 3-2 во сетови (25:16, 20:25, 24:26, 25:14, 9:15) откако го доби петтиот сет со 15-9.
Борбата траеше повеќе од два часа, а гостинските одбојкарки подобро го започнаа решавачкиот сет и на крајот се радуваа на седмата победа во првенството.
Работнички добро го отвори мечот откако со 25-16 поведе со 1-0 во сетови.
Но следните два ги загуби посебно третиот (24-26) по голема драма, а во четврттиот израмни на 2-2 откако го доби тој сет со убедливи 25-14.
Со оваа победа тимот на Јанта Волеј има скор од 7-2 во победи и го одржа чекорот со водечките струмички екипи.
Работнички Скопје пак со овој пораз сега има скор од 5-4 и ќе остане на четврттото место на табелата во првата женска лига.