Второто денешно дерби од 13.коло на Премиер лигата донесе дури пет гола. Њукасл го совлада Челзи убедливо со 4-1.
Домашните фудбалери подобро започнаа и веќе во 13.минута поведоа со голот на Исак поведоа со -1:0.
Челзи израмни во 23.минута, со еден од најубавите голови оваа сезона. Рахим Стерлинг изведе фантастичен слободен удар од 20 метри, шутираше во блискиот агол и ја заби топката под гредата.
Во вториот дел Њукасл изведе за 60 секунди постигна два гола. во 60-тата Ласелес беше стрелец 2-1, а во 61-минута Бразилецот, Жоелинтон зголеми на 3-1.
Во 73.минута, гостите останаа со играч помалку откако Рис Џејмс доби втор жолт картон.
Предноста од играч повеќе Њукасл ја материјализираше во 83.минута кога Гордон ги постави конечните 4-1.
Со трите нови бодови и вкупно 23, Њукасл се проби на шестото место, додека Челзи останува (засега) 10-ти со само 16 бодови.