Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер ја оствари 11-тата победа сезонава во Супер лигата.
Пелистерци на гостувањето во Скопје го совладаа Бутел со 32-30 и се вратија на врвот на табелата во „Б“ групата.
Ракометарите на Бутел беа подобри во првиот дел. Речиси целото полувреме го имаа во резултатска предност, која битолчани ја анулираа на самиот крај, па на одмор се замина со израмнети 13-13.
Во вториот дел шампионатот заигра далеку подобро. По нерешените 15-15 со серијата од 4-0 пелистерци се одлепија на 19-14. Најголемата предност изнесуваше и +6 за зелено-белите 26-20, а тоа се покажа јако решавачки миг. Иако до крајот на мечот Бутел само успеја да го ублажи поразнот на 30-32.
Павле Петровиќ кај гостите и Филип Николов кај домаќините со по осум постигнати голови беа најефикасните ракометари на овој натпревар.
По него Пелистер се враќа на врвот на табелата со 33 бодови колку што има и второ рангираниот Вардар.
Бутел останува трет со 21 бод.
Во оваа група во тек се два натпревари, Пролет – Голден Арт и Прилеп – Мулти Еесенс.
ТАБЕЛА: Е. Пелистер 30 бодови, Вардар 33, Бутел Скопје 21, Пролет 18, , Голден Арт 13, Прилеп 7, Мулти Есенс 6 и Вардар Неготино 6.