Македонскиот тенисер Горазд Србљак со три победи во квалификациите избори пласман на главниот турнир на фјучрсот што се игра во грчкиот град Ираклион на островот Крит.
Тој трите меча ги доби со 2:0 во сетови и утре во првото коло ќе игра против Американецот Мајкл Зу (31 год. 1020.АТП ранг). Србљак беше рангиран како прв носител во квалификациите.
Во 1.коло од квалификациите македонскиот тенисер го победи Дејвид Мирзахи од САД со 2-0 во сетови (62 63). Во следната рунда беше поуспешен од домашниот тенисер Стефанос Шинас со 2-0 (75 63). Во мечот за „влез“ на главниот турнир Србљак го победи Икраинецот Васил Егоров со 2-0 (64 76(4)).
Турнирот се игра за награден фонд од 15.000 долари.