Калин Ивановски обезбеди пласман во главната фаза на челенџер турнирот 75 што се игра во јапонскиот град Јокохама.
Во втората квалификациска рунда, противникот на Кали, кинескиот тенисер Јан Баи го предаде мечот при резултат 1:1 во сетови.
Иако Баи го доби првиот сет со 6-4 во вториот калин испеа да израмни добивајќи го со 7-5.
Кинескиот тенисер не можеше да го продолжи мечот и го предаде, а Калин се пласира во главната фаза.
Ивановски за противник таму ќе го има Белгиецот, Зизу Бергс.