Вистинска драма беа двата дуели од „Г“ групата кои решаваа која селекција ќе и се приклучи на Унгарија на Европското првенство.

А, тоа е репрезентацијата на Србија која заврпи на второто, а Црна Гора на третото место.

Иако двете репрезентации имаа и предност од еден гол, Брбите одиграа нерешено со Бугарија, а Црна Гора загуби од Унгарија.

Србите пред својата публика водеа против Бугарите со 1-0 сои голот на Вељковиќ во 17-тата минута. Гостите во вториот дел преку Русев (59) и Десподов (69) направија комплетен пресврт. Сепак со голот на Бабиќ во 82.минута Србите се спасија од пораз и одиграа 2-2.

Речлиси иста слика и на вториот натпреварот одигран во Унгарија.

Црногорците поведоа во 36.минута со погодокот на Рубежиќ. Сепак, со двата гола на фудбалерот на Ливерпул, Собошлаи за само две минути (67 и 68), Унгарија направи комплетен пресврт. Судбината на Црногорците ја запешати Наѓи во судиското дополнение за конечни 3-1 за Унгарија.

Така Унгарија и Србија се селекциите од оваа група кои следното лето ќе играат на Европскиот шампионат.

Standings provided by Sofascore