Најинтересниот натпревар од синоќешната програма во НБА лигата се одигра во Сан Франциско каде Оклахома по продолжение го победи Голден Стејт.
Без Стеф Кари и суспендираниот Грин „Воините“ загубија по продолжение од Оклахома со 123-130.
Домаќините беа на чекор до победа, но со тројката на Чет Холгрем гостите израмнија на 117-117 и се изборија за продолжение. Во него предводени од Шеј-Гилус Александар со 40 поени, седум скока и шест асистенции стигнаа до триумф.
Дербито на вечерта се одигра во Милвоки каде „Бекси“ го совладаа Далас со 132-125.
Јанис Атетокумпо ја доби пресметката со Лука Дончиќ. Гркот со 40 поени беше најефикасниот играч на натпреварот, а имаше еден повеќе од Кајри Ирвнг (39) на спротивната страна. Лука Дончиќ беше блиску до трип-дабл, а мечот го заврши со 35 поени, девет скока и девет асистенции.
Во останатите натпревари, Минесота го победија Њу Орлеанс со 121:120, а Њујорк славеше против Шарлот со 122:108 и ја постигнаа третата последователна победа.
Мемфис го победи Сан Антонио со 108:120 и го нанесе осмиот пораз по ред. Мајами загуби од Чикаго со 97:102 и ја прекина серијата од седум победи.