Во женската ракометна Супер лига викендов ќе се одигра деветото коло. Во оваа коло ќе се одиграат шест натпревари.
На денешната програма е закажан само еден натпревар. Деспина ќе игра против екипата на Гевгелија со почеток од 18:00 часот во спортската сала ,,Р. Р Ричко”.
Во текот на утрешниот ден Чаир го пречекува тимот на Скопје, додека Астибо гостува кај Металург Автокоманда.
Вардарки играат против Стружанка со почеток од 16:30 часот во Струга. Куманово ќе се соочи со Пелистер 2012 во Битола, Спартак го пречекува тимот на Шампион.
Натпреварот меѓу Ѓорче Петров и Овче Поле е одложен поради учеството на македонскиот шампион во ЕХФ Европскиот Куп.
СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – 9.КОЛО
петок
18:00 ДЕСПИНА – ГЕВГЕЛИЈА
сабота
14:00 ЧАИР СКОПЈЕ – СКОПЈЕ
14:00 МЕТАЛУРГ А. – АСТИБО
15:00 СПАРТАК – ШАМПИОН
16:30 СТРУЖАНКА – ВАРДАР
19:30 ПЕЛИСТЕР – КУМАНОВО
ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 24 бодови, Вардар 19, Чаир 19, Металург Автокоманда 18, Куманово 18, Стружанка 16, Пелистер 13…
Ивона Кимовска