Италијанецот Лука Марини од ВР46 тимот на Дукати стигна до пол позицијата на 19-тата трка од МОТО ГП шампионатот што се вози во Катар.

Марини на патеката Лусаил постигна нов рекорд со време од 1:51:762 секунди на тој начин стигна до првата пол позиција во кариерата во најсилната класа.

Веднаш до него ќе биде изненадувањето уште еден италијанец во името на Џиантонио од тимот на Гресини. Неговиот клубски колега Алекс Маркез заврши на третото место.

Лидерот во генералниот пласман Бањаја ќе стартува четвртти, а нековиот конкурент за шампинската титула оваа сезона, Хуан Мартин квалификациите ги заврши на петотто место.

До 10-тото место се пласираа Зарко, Марк Маркез, Вињалес, Фернандез и Алеиш Еспаргаро. 

Бањаја е лидер со 412 бода само 14 бода повеќе од Мартин со 398 бода. Трет е Безеки со 323 бода.

Во 18 часот закажана е спринт трката, а трката за ГН на Катар ќе се вози од 18 часот.