Екипата на МЗТ Скопје Аеродром го заврши настапот на вториот турнир во АБА2 лигата со две победи и пораз.
Попладнево македонскиот првак беше подобар од Борац Бања Лука, па сега има „скор“ од 3-2 (победи и порази).
Тренерот Васко Атанасов по натпреварот со Борац даде своја оценка.
„Клучна за денешната победа беше одбраната во второто полувреме, односно третата четвртина, по што стигнуваме до лесни поени.
Не можам да кажам дека игравме добра одбрана, но добро, победа е победа.
За нас добар завршеток на овој балон и се надевам дека така ќе продолжи“.