Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром денеска ќе го одигра последниот натпревар на вториот турнир од АБА2 лигата во Златибор.
Аеродромци во рамките од 5.коло точно на пладне ќе играат против екипата на Борац Бања Лука.
Ова е дуе на седмо и осмо пласираните екипи кои досега имаат половичен ефект по две победи и порази, како и екипите на Цедевита, Сутјеска и Пелистер.
МЗТ на турнирот во Златибор претрпе неочекуван пораз од словенечкиот Хелиос, а пред два дена убедливо ја совлада Сутјеска.
Борац пак загуби од Суботица, но се „рехабилитира“ со победата над екипата на Шенчур.
Победата е императив за двата тима кои претендираат за место меѓу екипите кои преку разигрувањето сакаат да се пласираат во прволигашката АБА конкуренција.
Денешниот дуел меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Борац Бања Лука е закажан за точно на пладне во 12 часот.
Утре ќе се одиграат последните натпревар од овој втор турнир, а во нив ќе настапат и преостанатите два македонски претставници.
ТФТ од 15 часот ќе игра против Хелиос, а Пелистер од 18 часот за противник ќе го има Златибор.