Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром попладнево во натпревар од 5.коло на АБА2 лигата славеше победа над екипата на Борац Бања Лука.
МЗТ одлично го отвори натпреварот и по воведните 10.минути имаше највисока предност од 11 поени разлика 19-08. Лошо одиграа аеродромци во вториот период. Му дозволија на противникот а стигне дури и до израмнување, но со тројката на Дамјан Стојановски сепак заминат со предност на одмор (29-26).
Во третата четвртина МЗТ одигра одлично на стартот. Со серија од 11-2 се одлепи. Во 18.минута имаше МЗТ и највисоки +19 (50-31). Во последната четвртина МЗТ влезе со +13 ( 59-43).
Таквата предност македонскиот шампион знаеше како да ја сочува. Иако во финишот Борац дојде до -4, сепак немаше сили, а и време за пресврт, па на крајот МЗТ славеше со конечни 67-61.
Најефикасен во редовите на МЗТ беше Војдан Стојановски со 15 поени, додека Танасковиќ додаде 13. Двоцифрени беа и Баковиќ 12, Дамјан Стојановски 11 и Ворку 10.
МЗТ вториот турнирот во Златибор го заврши со две победи над Сутјеска и Борац и пораз од словенечкиот Хелиос. Третиот турнир аеродромци ќе го чекаат со скот 3-2 (победи-порази).
Утре ќе се одиграат последните натпревар од овој втор турнир, а во нив ќе настапат и преостанатите два македонски претставници.
ТФТ од 15 часот ќе игра против Хелиос, а Пелистер од 18 часот за противник ќе го има Златибор.