Екипите на Гостивар и Академија ФМП забележаа победи во дуелите со Вардар и Кожув во рамките од 8.коло на Првата кошаркарска лига.

Гостиварци ја оправдаа фаворитската улога во дуелот со Вардар и од самиот почеток па се до крајот имаа убедлива предност. Гостивар славеше со конечни 90-75, за четврта победа сезонава. Со по 17 постигнати поени Митевски во победничкиот и Митков во поразениот тим беа најефикасните играчи на натпреварот.

На првата победа се израдуваа кошаркарите на Академија ФМП. Откако мечот со Кожув, поради технички проблем со семафорот доцнеше повеќе од 1 час, стартот им припадна на домаќините.

„Академците“ започнаа одлично и создадената предност постојано ја одржуваа за на крајот за слават со 93-83. Бадијала беа 25-те поени на Криснан кога Кожув го претрпе шестиот пораз сезонава.

Неофицијално, тренерот на Кожув и актуелен македонски селектор Александар Јончевски по овој пораз си поднел оставка.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – СЛЕДНО 8.КОЛО
сабота
ВАРДАР – ГОСТИВАР 75-90
АКДЕМИЈА ФМП – КОЖУВ 93-83
РАБОТНИЧКИ – ОХРИД 86-56
недела
20.00 ФЕНИКС – ЕУРО НИКЕЛ
среда (22/11)
19.00 ЧАИР – ПЕЛИСТЕР МРТ3
19.30 ФМП – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 13 бодови, Работнички 13, Еуро Никел 12, Пелистер 12, ТФТ 12, Чаир 12, Гостивар 12, Вардар 11, Феникс 10, Кожув 10, Академија ФМП 9, Охрид 9.