Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе биде противникот на Јаник Синер во финалето на завршниот АТП Мастерс во Торино. 

Ова откако Ѓоковиќ го совлада Карлос Алкараз во второто полуфинале кое траеше 90 минути, а Србинот го доби во два сета (2:0). 

Во првиот сет клучен беше осмиот гем кога Ѓоковиќ направи брејк, а потоа на свој сервис, го доби сетот со 6-4. 

Во вториот Ѓоковиќ беше уште победлив, на на второрангираниот на АТП листата Алкараз му препушти само два гема (6-2).

Со тоа Ѓоковиќ се избори за своето деветто финале на завршните турнири.

А, во него утре за противник ќе го има домашниот миленик Јаник Синер. 

Токму Синер во групната фаза го победи Ѓоковиќ, а потоа со триумфотнад Руне му овозможи да игра во полуфиналето. 

Ќе има ли сила Италијанецот за нов триумф или Ѓоковиќ ќе освои нов трофеј, ќе видиме во финалниот меч закажан од 18 часот.